Светскиот ден на здравјето, се одбележува под мотото „Здравје за сите, здравје насекаде“ Македонските здравствени институции по повод 7 Април порачуваат унапредување на јавното здравје, подобрување и унапредување на здравјето и добросостојбата на сите граѓани преку одржлив и високо квалитетен здравствен систем, секој и секаде да го оствари своето право на највисока можна здравствена заштита и да има можност и пристап до квалитетна здравствена услуга.
Овој ден е посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).