Денес во просториите на нашето учеилиште, за учениците од прво и четврто одделение, се одржа работилница на тема: “Запознавање и нега на оралната празнина”. Предавањето го одржа детски стоматолог кој им ја објасни на учениците улогата на забите и начинот на одржување на нивната хигиена. Учениците внимателно ја слушаа презентацијата како и насоките за одржување на оралната хигиена.