На 3.6.2025 во ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци, беше одржана еТвининг обука со наслов „Вовед во еТвининг платформата и употреба на дигитални алатки“. Обуката ја следеа вкупно 26 учесници од редот на наставниците, стручна служба (дефектолог, специјален едукатор и рехабилитатор) како и директорот на училиштето. Оваа обука претставува значајна можност за професионален развој, унапредување на дигиталните вештини и подобрување на наставните методи. Преку неа, наставниците стекнаа знаења за планирање и реализирање на меѓународни проекти во соработка со училишта од цела Европа – што е еден од приоритетите во развојната програма на нашето училиште.
Голема благодарност до eТвининг амбасадорот Зорица Милкова и Националната агенција за европски образовни програми за инспиративната обука.
Со нетрпение очекуваме многу успешни проекти во иднина!