Во ПОУ ,,Страшо Пинџур”- с.Дреново денес се одбележа патрониот празник.
Почит му оддадоа вработените на училиштето, членовни на месната заедница на с. Дреново и учениците од деветто одделение. Беа доделени благодарници по повод јубилеј од работниот стаж, пофалница за постигнат одличен успех во текот на деветгодишното образование во училиштето и награди за организираниот литературен и ликовен конкурс. Активно учество земаа сите ученици од прво до девето одделение кои настапија со различни точки.
Слава му!