На денешен ден 4 јануари 1943, во Скопскиот затвор по повеќеднево сурово мачење се убиени македонските синови Мирче Ацев и Страшо Пинџур.
На 4 јануари 1943 г., во просториите на Скопскиот областен затвор, како последица на силните измачувања, умрел Страшо Страхил Пинџур(3 март 1915 Ваташа -4 јануари 1943 Скопје)
Истата вечер, неговото тело било однесено во непознат правец и закопано на тајно место, така што до ден-денес не се знае неговиот гроб. На тој начин се остварило претскажувањето од неговиот дневник, кој го водел во 1933 г. каде тој запишал: „Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае“.