


Денеска увид во градежните работи извршија министрката за образование и наука, Мила Царовска и градоначалникот Митко Јанчев.
Директорката на училиштето Илинка Бакева во својот пригоден говор, истакна дека ова училиште веќе со години наназад, образува кадри, кои потоа се истакнати и успешни граѓани и дејци во разни сфери на живеењето. Таа напомена дека ова е училиште во кој талентираните ученици можат да се надоградуваат и да ги развиваат своите вештини. Во нашето училиште почнаа градежни активности за поставување на метална конструкција на училишна спортска сала. Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка на Локалната самоуправа на Општина Кавадарци.Учениците од основното општинско училиште Страшо Пинџур во Кавадарци конечно ќе добијат нова современо опремена спорстска сала. Учениците од ова училиште до сега немаа спортска сала и мораа да ја следат наставата по физичко во импровизирани училница или надвор во дворот.
Дури и во време на сериозна пандемија не запира реализацијата на капиталните проекти во ООУ,,Страшо Пинџур,,Кавадарци.Со тоа докажуваме што значи вистинска грижа за нашите ученици. Тоа во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро.