Директорката на ООУ,,Страшо Пинџур,,Кавадарци изразува голема благодарност до ангажираната фирмата ,,ПЕР –ИНЖЕНЕРИНГ,,како и Локалната Самоуправа на град Кавадарци,Градоначалникот г-дин Митко Јанчев.Таа го посочи бенефитот од новиот начин на греење,поточно станува збор за замена на греењето на дрва со стари шпорети, во ПП.с.Марена. Начинот на греење, наместо со дрва е заменет со био гориво (пелети)и комбинирано греење.
Со овој начин на греење ќе има добробит најмногу за учениците, наставниците, а и за градот, затоа што сме свесни дека имаме големо загадување. На овој начин, во училиштето се очекува во голема мерка да се намалат трошоците во однос на загревањето во просториите и училниците, а паралeлно со тоа и подобри услови за настава на учениците.
Како изведувач на промената на греењето е ангажираната фирмата ,,ПЕР –ИНЖЕНЕРИНГ,,а средствата се од буџетот на ООУ,,Страшо Пинџур,,Кавадарци.Голема благодарност до Локалната Самоуправа на град Кавадарци,Градоначалникот г-дин Митко Јанчев кои секогаш излегуваат во пресрет на интересите пред се на учениците и останатите граѓани во реализација на вакви инвестиции.