ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци
Училишен одбор и Совет на родителиЗа
Училишен одбор
Орган на раководење во училиштето е Училишниот одбор. Составот, надлежностите и задачите на училишниот одбор се определени со Законот за основно образование и Статутот на училиштето.
Училишниот одбор е одлучувачко тело одговорно за управување со училиштето. Улогата на Училишниот одбор во училиштето е да ги покрива следните области:
визија и развој на училиштето,
избор на клучен персонал,
надзор врз раководството,
финансиски надзор,
прибирање средства,
подршка на проекти,
следење на квалитетот на оценување,
следење на благосостојбата на учениците,
подготвување на извештаи
Училишниот одбор во соработка со директорот на училиштето и училишните тимови постојано поттикнува активности кои ќе обезбедат квалитет во работењето.
Планот за работа на Училишниот одбор се темели на евалвациајта на резултатите од мината учебна година, а опфаќа:
♦ Редовни седници:
· донесување на годишна програма (предлог),
· предлагање извештаи,
· предлагање финансови планови,
· предлагање годишна сметка,
· организирање на попис.
♦ Подршка за професионален развој на наставниците
♦ Подршка на менаџерскиот тим во сите области на функционирање на училиштето
♦ Учество во утврдувањето на развојните цели и стратегии на училиштето и избор на приоритети
♦ Грижа за имплементацијата на Годишната програма за работа на училиштето
♦ Следење на оценувањето на учениците
♦ Подршка во обезбедувањето на подобри услови за работа и подобра училишна клима и култура
♦ Учество во донесување на планот за самоевалуација
♦ Унапредување на соработрката со Советот на родители
Членови на Училишен одбор
Училишниот одбор во нашето училиште е составен од девет членови и тоа:
■ тројца претставници од редот на наставниците и
стручните соработници:
• Павлинка Костадинова – претседател
• Бети Темова
• Елеонора Коцева
■ тројца претставници од редот на родителите на
учениците:
• Борче Мустеников
• Зорица Дафков
• Цветанка Митрева
■ еден претставник од основачот:
• Душко Јошев
За
Совет на родители
РАБОТА НА СОВЕТ НА РОДИТЕЛИ
Статистичката процена на времето што децата го поминуваат дома со родителите и на училиште со наставниците зборува дека тоа време е или исто или малку подолго од времето поминато во училиште со наставниците. Училиштето е работилница во која се создава моделот на утрешниот граѓанин. Тоа на организиран начин ја продолжува воспитно-образовната функција на семејството. Во него учениците стекнуваат знаења, ги развиваат своите способности, градат ставови за разни животни вредности. Значи училиштето, како и семејството, има иста одговорност кон децата, однсоно кон учениците. Оттаму сосема оправдан е заклучокот дека родителите треба да знаат се што се случува во училиштето, а како ќе знаат ако не се вклучат, ако не соработуваат.
Ефикасното организирање и работата на СР во училиштето е од исклучително значење за унапредување на работата на училиштето и за квалитетот на образовниот процес. Тоа дава можност за организирано согледување на потребите, состојбите и проблемите во училиштето, помага во процесот на донесување на одлуки, како и успешното реализирање на годишната програма за работа на СР.
Родителите во училиштето се организираат во СР на ниво на секоја паралелка -одбори на родители и СР на ниво на целото училиште. Од СР на паралелките се избираат претставници кои членуваат во СР на ниво на училиште. Од редовите на СР се бираат претставници за во Училишниот одбор.
Што може да направи СР во училиштето?
Да ги согледа вистинските потреби, состојби и проблеми во училиштето
Преку доброволно (волонтерско) ангажирање да се вклучат во реализација на различни училишни активности во следните подрачја од работата на училиштето: настава, воннаставни активности, грижа за здравјето на учениците, соработка со локалната заедница и да дадат свој придонес според нивните можности, способности и интереси
Да им помагаат на наставниците во работата со учениците во училиницата и училиштето
Да организираат и да даваат поддршка на различни училишни акции, манифестации, училишни презентации, кампањи и сл.
Активно да учествуваат во решавањето на различни проблеми во училиштето
Да учествуваат во донесување на важни одлуки во училиштето
На тој начин ќе придонесат за унапредување на работата во училиштето, подобрување на резултатите кај учениците и афирмирање на училиштето во локалната средина.
СР треба да преземе активности за утврдување на приоритетни задачи и активности кои ќе ги реализира во текот на учебната година. Постапката за утврдување на приоритетни задачи, активности и проблеми подразбира прибирање предлози од одборите на родители на паралелките во кое можат да се вклучат и наставниците или стручната служба од училиштето. Од добиените предлози од одборите на паралелката, се составува предлог листа од која се бираат приоритетни задачи и активности.
Градењето партнерства на СР започнува во училиштето преку развивање на соработка со наставниците, со стручната училишна служба и со директорот. Заради поуспешно остварување на своите цели, СР може да воспостави партнерства на ниво на локална заедница, но и пошироко во државата и во странство. Партнерството овозможува побрзо и поефикасно реализирање на планираните активности.
СР може успешно да соработува и склучи партнерства со СР на други училишта од локалната заедница заради реализирање на заеднички активности, проекти или разрешување на одредени проблеми
Соработка со институции на локалната власт
Соработка со НВО кои поддржуваат и реализираат активности од областа на образованието, (пример: активности за унапредување на здравјето на учениците и превенција на зависности – трибини и предавања)
Партнерства со јавни и приватни претпријатија со цел барање поддршка при реализација на одредени активности (пример: да побара садници од Јавното комунално претпријатие како донација за уредување на училишен двор)
Членови на Совет на родители
Борче Мустеников – претседател
Јулијана Туриманџова – записничар
Кристина Ангелова
Марија Јованова-Ризова
Даниела Мојсов
Зорица Дафков
Аница Костова
Петранка Златева
Марија Кичева
Сретко Ѓорѓиев
Весна Хаџи-Попова
Јованка Ѓорѓиева
Билјана Донова
Виктор Пендев
Цветанка Митрева
Jулијана Димитрова Стојкова
Сашко Настов
Соња Рајчиновска
Зорица Мајсторовска
Наташа Костова
Илија Петров
Марина Коцева
Сашо Димков
Тони Стојаноски
Габриела Трајкова
Соња Николова
Кристина Илиевска
Надица Конева
Валентина Костова
Даниела Јошевска
Анита Митревска
Билјана Крстевска
Павлинка Тасева
Олгица Петрова
Сашко Димовски
Валентина Ставрова
Анче Глигорова
Пешевска Павлинка
ученици
број на паралелки
наставници
година на основање
Информации за контакт
Локација: ул: ,, Димката Ангелов Габерот“ бр. 3 Кавадарци
Телефон: 043 / 410 –958
Email: strasop@hotmail.com