Географија (од старогрчки: γεω „земја“ и γραφία „опишува“) е наука која своето внимание го насочува кон опишувањето и проучувањето на планетата Земја.Човекот отсекогаш се интересирал за светот околу себе. Токму тоа е и причината што зачетоците на географијата како наука се појавиле уште во античко време.Географите секогаш бараат интересни факти за нашиот свет. Тие сакаат да знаат и да дадат одговор на “зошто” но, исто така, и на ” кој е”, “што е” или ” како” за било кој процес на Земјата како планета. Така и нашите млади географи го покажаа своето знаење на одржаниот училишен натпревар по географија на ден 02.03.2022г. па во опкружување на природата беа доделени дипломите за освоените места и тоа:Димитар Петров од 8а е прво место, Миле Ристов од 8б е второ место, Димитар Мицев од 6б е Прво место, Кристина Блажевска од 6а е второ место и Тео Камчев од 6б е трето место