Во деновите кога коледарчињата го исполнуваат воздухот со радост и веселост, кога звукот на црковните ѕвона одекнува насекаде и кога море од молитви се упатуваат кон небото, учениците од IIа одд. облечени како коледарчиња со своите торбички и шарените коледарски стапчиња, заедно со своите наставнички Стефка Саздовска и Дијана Бојкова го посетија Светиот храм, св. Петка.Таму тие се запознаа со традицијата на одбележувањето на овој голем христијански празник, бидејќи традицијата се вкоренува уште од мали нозе, па затоа сите ние ви посакуваме весел и благословен Божиќ.