🦠 Учење низ соработка и практични примери! 🩺
Во рамките на наставата по Природни науки, во ПОУ ,,Страшо Пинџур” с. Возарци, учениците од III одделение реализираа интересен и едукативен час на тема „Вируси и бактерии“, со посебен гостин – мајка на наш ученик, која по професија е медицинска сестра.
Преку нејзиното стручно знаење, разговор, објаснувања и примери од секојдневната работа, учениците имаа можност поблиску да се запознаат со вирусите и бактериите, начините на нивно ширење и важноста на личната хигиена и грижата за здравјето.
💚 Благодарност до нашата гостинка за издвоеното време, несебичното споделување на знаењето и придонесот во збогатувањето на наставниот процес.
Кога училиштето и семејството соработуваат, учењето станува побогато, поинтересно и повредно!