Денес се изврши технички прием на новата спортската сала во нашето училиште и истата е комплетно функционална за употреба на нашите ученици Техничкиот прием беше изведен од страна на претставници на МОН, претставници од изведувачот и од надзорот,претставници од Локална самоуправа на град Кавадарци, Градоначалник на град Кавадарци г-дин Митко Јанчев како и директорката на училиштето Илинка Бакева. Со ова ООУ,, Страшо Пинџур,, Кавадарци за прв пат од неговото постоење доби современа спортска сала.Спортот овозможува социјална интеракција и влијае позитивно врз градењето на основните етички принципи, особено кај младата популација. Нашата цел како училиште ни е да креираме систем во кој спортот ќе напредува, ќе го јакне квалитетот на животот и ќе биде наша гордост истакна директорката на училиштето.