Во ПОУ „Страшо Пинџур“ во село Возарци, учениците од прво до петто одделение, предводени од своите наставници, го одбележаа 15 Октомври – Светскиот ден на пешаците со прошетка во блиската околина на училиштето.
Активноста имаше за цел да ја поттикне свеста кај учениците за значењето на пешачењето, здравите навики и безбедното однесување во сообраќајот.
Денот помина во убава атмосфера, дружење и учење на отворено.





