Светскиот ден на книгата и авторското право

По повод светскиот ден на книгата и авторското право, 23 април учениците од нашето училиште Марија Ангелова , Лана Пендева и Цветанка Ристова заедно со менторот Павлинка Костадинова и директорката на училиштето Илинка Бакева учествуваа во online работилницата која ја организира Собранието на Република Северна Македонија парламентарниот институт.Чест и задоволство ни беше што ја имавме можност да бидеме избрани како едно од 3(трите)основни училишта во државата и еден ваков значаен ден го одбележиме со читање на литературни творби изработени од учениците.

– Читањето е разговор. Сите книги зборуваат. Но, добрата книга знае и да слуша – Марк Хадон.

– Една книга, едно пенкало, едно дете и еден наставник може да го променат светот – Малала Јусуфзаи.

– Книгите се уникатна пренослива магија – Стивен Кинг.