Како одбележување на Светскиот ден на Детската литература со
првачињата во продолжен престој на Слободните Активности изработивме книга, насловена “На крилјата на среќата” .
Реализацијата на активности:
Творење и пишување на поетски детски творби
-Посета на школската библиотека каде што во соработка со библиотекарите М.Спанџова и Т.Трајков ни беше презентирана детската литература, разгледувавме книги за деца, се читаа стихови напишани од децата, од наставничката Т.Каровска и од библиотекарката М.Спанџова, во чија соработка добивме испечатена книга во која земаа место творбите на децата и наставничките.