Денеска на глобално ниво се одбележува Светскиот ден на детето, кој има за цел да го сврти вниманието на широката јавност за сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои се соочуваат децата.
„Одбележувањето на Светскиот ден на детето ќе овозможи да се слушне гласот на децата и тие да укажат на најголемите предизвици со кои се соочуваат.
Конвенцијата за правата на детето – важен цивилизациски исчекор и клучен документ.
Обединетите нации во 1989 година ја усвоија Конвенцијата за правата на детето.
Најважни принципи и конвенциски точки за заштита на децата
Според принципите, сите деца и млади ги имаат истите права, имаат право на најголем можен степен на здравје, право на бесплатно основно образование, слободно да го искажуваат своето мислење и да бидат слушнати. Децата и младите имаат право на добро воспитување.