“Светски ден за борба против гладот и сиромаштијата”
Нашите хумани ученици се вклучија во акцијата за донирање храна на социјално загрозени семејства.Училиштето во соработка со Еко живот, донираа во Банка за храна а исто така беше собрана донација и за Црвен крст.
Воедно учениците кои членуваат во Еколошката секција и Училишниот парламент упатија голема благодарност до печатница БОМА Дизајн за донација на Еко елечиња за потребите на учесниците во Еко секција. Најголема благодарност упатуваме до сите ученици кои несебично ја покажаа својата солидарност и хуманост!