Светски ден за безбедно користење на интернет.
💻Како да бидеме безбедни онлајн
Веројатно и ти не можеш да си замислиш ден без Интернет. Интернетот е одличен начин да се поврзеш со пријателите и семејството, да се поврзеш со светот, да научиш нови работи, да изградиш дигитални и други вештини, да споделиш фотографии, видеа и мислења. Ако се користи правилно, Интернетот може да им го промени животот на децата и младите, така што ќе ги поврзе со цел еден свет на можности за комуникација, учење и слобода на изразување. Има многу нешта поради кои сакаме да бидеме поврзани, но Интернетот, исто така, секојдневно се користи за погрешни намени. Еве неколку совети за тоа како Интернетот да стане побезбедно место за сите нас.
📍Она што секогаш треба да го имаме на ум е дека – штом нешто еднаш ќе се објави, нема враќање. 📍Запомни: Споделувањето на твојата лозинка за телефон или за некој друштвен медиум со пријателите, не е знак ниту на љубов ниту на верност. Твоите лозинки си се твоја приватна работа.