По повод 7 Април – „Светски ден на здравјето“, во ПОУ „Страшо Пинџур“ с.Возарци, се реализираа низа активности со учениците од прво до петто одделение.
Преку интересна презентација и меѓусебна дискусија се потсетивме на здравите навики, здравата исхрана и важноста на грижата за сопственото здравје.
Најмладите во нашето училиште, учениците од прво и второ одделение учествуваа во креативна работилница – Боење овошје и зеленчук и направија вистинска мала изложба полна со бои и позитивна енергија.










