Училишното ѕвонче денес се огласи за сите ученици во нашето училиште. Срдечно добредојде на првачињата кои првпат зачекорија во училишните простории им посака Директорката на нашето училиште, Васка Јовановска како и Претседателот на Советот на општината Горица Пеливанова Вилхелм, посакувајќи им многу успех во стекнувањето на знаења, нови другарства и се она што образованието го нуди. Првачињата имаа можност да го проследат забавниот дел кој им го подготвија нивните наставнички и другарчиња