Учениците од ПОУ ,,Страшо Пинџур” – с. Дреново го одбележаа споменот на Св. Климент Охридски – големиот учител и првиот словенски епископ. Тој ја основал Охридската книжевна школа и со своите илјадници ученици ги поставил темелите на нашата писменост и култура. Неговото дело е симбол на мудрост, духовност и просветителство.