Во просториите на ПОУ Страшо Пинџур с. Дреново, денес, се одржа новогодишна приредба. Возбудата, детската насмевка, нивниот џагор и веселата песна сеуште се во нашите мисли и со задоволство сакаме да пренесеме дел од атмосферата која ни ги растопи срцата. Учениците преку песнички и драматизација посакаа Дедо Мраз да ни донесе здравје, среќа, мир и исполнување на детските желби и соништа.
СРЕЌНА НОВА 2025 ГОДИНА!!!