СООПШТЕНИЕ
Училиштен литературен конкурс По повод одбележувањето на ,,11Октомври,,Ден на востанието на македонскиот народ ООУ,,Страшо Пинџур,,Кавадарци објавува литературен конкурс на тема ,,Слобода,,.Право на учество на конкурсот имаат учениците од V до IX одделение од ООУ,,Страшо Пинџур,,Кавадарци, кој започнува на 2.10.2024 година до 7.10.2024 година. На литературниот конкурс ќе учествуваат учениците од V до IX одделение кои ќе пишуваат проза или поезија,творбите ќе ги пишуваат во word документ текст со македонска поддршка 12 ариел,а секој ученик ќе се потпише со име и презиме. Литературните творби да се достават до педагошката службата на училиштето.Училишните комисии ќе ги разгледаат доставените творби и ќе ги вреднуваат Наградените творби ќе бидат објавени на училишната фејзбук и веб страна на 11.10.2024 година,а наградените ученици ќе добијат диплома за освоеното место.