На ден 21.04.2026 година, во ООУ „Страшо Пинџур“ – Кавадарци се реализираше едукативно предавање во соработка со Локалната самоуправа на Кавадарци и Регионалниот центар за управување со кризи – Кавадарци, со цел запознавање на учениците со системот за управување со кризи и значењето на бројот 112 за итни случаи.
Предавањето го одржа советникот од ПО РЦУК Кавадарци, Виолета Јованова, при што учениците имаа можност да се запознаат со:
системот за управување со кризи и неговата улога;
превенцијата, раното предупредување и справувањето со кризни состојби со цел заштита на животот, здравјето и имотот на луѓето и животните 

процедурите, соработката и координацијата помеѓу надлежните институции 

бројот 112 – кога и како се користи, начинот на пријавување и понатамошната постапка со повиците 

Заклучок:
Ова предавање придонесе за подигнување на свеста кај учениците за важноста од навремено и правилно реагирање во кризни ситуации, како и за развивање на одговорност и подготвеност за заштита на сопствениот и колективниот живот и безбедност.









