📚 Ден исполнет со книга, знаење и инспирација!
Учениците од VI до IX одделение од централното училиште, како и од подрачните училишта во с. Возарци и с. Дреново,на 27.4.2026 година заедно со своите одделенски раководители, го посетија Саемот на книга.
Преку оваа посета, учениците имаа можност да се запознаат со нови наслови, автори и издавачи, да ја почувствуваат магијата на пишаниот збор и да ја збогатат својата љубов кон читањето.
Саемот беше вистинско место за дружење, учење и инспирација, каде книгата уште еднаш се покажа како најдобар пријател и прозорец кон светот.
📖 Нека љубовта кон книгата расте со секоја прочитана страница!