Објавени се конечните резултати од регионалниот натпревар по математика. Учениците од четврто одделение од нашето училиште постигнаа одлични резултати. Така, ученикот Благој Смилевски освои I награда, Душко Тасовски освои III награда, под менторство на наставничката Стефка Саздовска, а учениците Димче Солеников и Нина Панчевска, освоија III награда, ментор наставничката Елена Соколова.
Им посакуваме уште многу успеси на следните натпревари.