Работилница: „Справување со насилничко однесување – Ако не реагирам…“ 
Денес со учениците разговаравме за тоа што значи насилството, како влијае врз менталното здравје и зошто е важно да реагираме кога сме сведоци на неправда.
Преку сценарија, дискусии и практични активности учениците научија безбедни начини на постапување, развиваа емпатија и ги зајакнуваа своите вештини за поддршка и самоодбрана.
„Кога не реагирам – насилството расте.
Кога реагирам – некого спасувам.“
Горди сме што создаваме безбедна, поддржувачка и згрижувачка училишна средина за сите ученици.
