Историјата патува низ училниците во Македонија!
Проектот „Промотивна турнеја – Тумба Маџари во основните училишта во Македонија“, денес беше промовиран во нашето училиште и учениците имаа можност подетално да се запознаат со нашето богато културно наследство. Овој проект беше реализиран во соработка со Министерството за култура и туризам и Националниот археолошки музеј на Македонија. Учениците денес подетално се запознаа со археолошкиот локалитет – Тумба Маџари кој се наоѓа во населбата Ченто во Скопје и истиот потекнува од неолитскиот период поточно од 5900 до 5300 години пред нашата ера. На учениците исто така им беше доделен и промотивен материјал (флаери и стикери) со кои дополнително се збогатија нивните знаења за праисторијата во Македонија.







