Презентација на тема: “Булинг и сајбер насилство”
Ученичкиот парламент во соработка со Педагошко-психолошката служба организираше презентација на тема која е исклучително важна за сите нас – Булинг и сајбер насилство. Оваа презентација имаше за цел да ја подигне свеста за последиците од малтретирањето и насилството, како во физичкиот свет, така и на интернет. Важен е секој глас и секоја акција. Нека сите заедно работиме на тоа да го спречиме насилството и да создадеме побезбедна средина за учење и растење.