Превентивни активности за безбедност и заштита на учениците
Денес во ПОУ „Страшо Пинџур“ – с.Дреново, полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа едукативни предавања за заштита од врсничко и сајбер-насилство, како и за превенција од зависности.
Преку овие активности, учениците се запознаа со последиците од насилството и зависностите, начините за нивно спречување и важноста на навременото реагирање.
Со едукација, соработка и заедничка грижа придонесуваме за побезбедна училишна средина и здрав развој на нашите ученици.