ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци

Предметна настава

Изработки

 Виртуелна обиколка на Собранието на РСМ

Денес, учениците од IX одд.како од централното училиште така и од подрачните училишта во с.Возарци и с. Дреново ,под менторство на наставниците по македонски јазик Павлинка Костадинова, Дијана Пачешкоска Ѓорѓиева и Ана Јосифова Спировска проследија виртуелна обиколка на Собранието на РСМ, преку која се запознаа со функционирањето на Собранието, како носител на законодавната власт во нашата држава. Виртуелната посета на Собранието е изработена со цел да ги сподели сите детали за објектот, од неговата изградба, простории, нивното значење.

Новогодишни и божиќни пораки

Ние учениците од 6а одд. заедно со нашата наставничка преку оваа поракасакаме да ви ги честитаме новогодишните и божиќните празници.

– Секаме секој ден сите деца да слушаат „те сакам“ од своите родители.

– Секој ден да почнува и завршува со прегратка со најблиските и најмилите.

– Најубавиот украс да биде насмевката на лицето.

– Да другаруваме цела година со вистинските другари и да создаваме нови.

– Да жнееме знаења и успеси кои ќе ни бидат водилка во целиот живот.

– Да ги откриеме убавините на светот кој ги крие.

– Да делиме добрина и убав збор секому.

– Да им помагаме на сите оти во тоа се кријат најубавите спомени за цел живот.

– Да се натпреварувате во знаења, добри дела и убаво однесување.

– Да ги прифаќате различните како еднакви на вас.

– Да бидене задоволни од она што го имамеи тоа да не прави среќни.

Од срце знаеме дека ова што го посакавме ќе ни го исполни животот со радост, среќа и спомени кои злато вредат. Да сте ми живи, здрави и среќни!

Микробит

Различни перспективи во решавање на нерутински проблем за развој на критичко размислување – Дел од активностите на младите микрокодери во нашето училиште

,, Колку убаво звучи нашиот јазик и каква мелодична песна е тој,, (извадок од драмата,, За Страшо Пинџур,, која нашите ученици ја изведија по повод патрониот празник на училиштето). 5 Мај Ден на македонскиот јазик. Во таа чест учениците од нашето училиште заедно со предметните наставници по македонски јазик Павлинка Костадинова, Ана Јосифова Спировска и Дијана Пачешкоска Ѓорѓиева и директорката Илинка Бакева, преку Zoom платформата ги презентираа своите изработки. Учениците искажаа голема благодарност до директорката која секогаш е присутна и дава поддршка во образовниот процес на учениците кои со нетрпение чекаат да се вратат во новите училишни простории. Нека ни е честит 5 Мај-Ден на македонскиот јазик!

5ти Мај Денот на Македонскиот јазик во нашето училиште ООУ Страшо Пинџур Кавадарци ќе биде одбележан со презентација која ќе биде посветена на македонскиот јазик.
Одбележувањето на овој значаен ден е во духот на македонскиот јазик и оваа активност е со цел да го чествуваме македонскиот јазик и да придонесиме во негувањето на неговата стандардна форма. Да го чуваме, негуваме нашиот јазик бидејќи тоа е јазикот кој ни е оставен од нашите прадедовци и претставува наше духовно и културно наследство и богатство. Нека ни е честит и вековит денешниот ден!
„Jазикот е нашата единствeнa татковина“ Блаже Конески.
На 3 мај 1945 г. Комисијата за јазик и правопис на Министерството за просвета, донесе решение за утврдување на македонската азбука, кирилица со 31 буква која била официјализирана на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“.
Со усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис беше стандардизиран македонскиот јазика. А каков бил патот од почетокот до денес, погледнете ја приложената презентација.

Недела на информатиката

Активност по повод Недела на информатиката
Работилници :
Кодирај го своето име
Како безбедно на Интернет
Нашето училиште зема учество и во Неделата посветена на Информатиката

Безбедно на интернет

Денес во просториите на ОВР Кавадарци се реализираа две работилници со VI а и VI б одделение на тема: ,,БЕЗБЕДНО НА ИНТЕРНЕТ“ од страна на инспекторот по превенција Димитар Каракулев.
Целта на денешната работилница и презентација беше на децата да им се објасни како по безбедно да го користат интернетот и посебно социјалните мрежи. Како да се заштитат и да го прилагодат нивниот профил, кои информации и какви фотографии не е пожелно и добро да постираат на социјалните мрежи, што да направат и каде да пријават доколку некој направи некоја злоупотреба на нивниот профил или фотографии.

Работилница на тема плетење, шиење и дискусија за ткаенини на разбој

На час по вештини за живеење во 9б одделение се одржа работилница на тема плетење, шиење и дискусија за ткаенини на разбој

Работилница Св.Климент Охридски

Работилница по повод празникот Св.Климент Охридски со учениците од 7а одделение

По повод 5 Декември- Меѓународниот ден на волонтерството, во просториите на Црвен Крст Кавадарци се организира прием на активни волонтери – ученици и наставници кои го одбележаа овој ден, запознавајќи се со функционирањето на Црвен Крст на Република Северна Македонија. Воедно се одржа и работилница за AIDS/СИДА, со цел одбележување на Неделата за борба со оваа болест и поддршка на заболените од СИДА (1-7 декември)

Показна вежба

Учениците од IX одделение од нашето училиште заедно со наставниците и Директорката на училиштето Илинка Бакева земаа учество во показно-тактичка вежба за обезбедување на место на несреќа, гаснење пожар, спасување, евакуација и транспорт на настрадани лица на спортските терени ,,Јасмин,,

Работилница булинг

На 19.11.2019 во нашето училиште се одржа работилници на тема „Булинг“ а со наслов „Амбасадори за пријателство“. На работилницата учество земаа учениците од шесто и седмо одделение од училиштето

Работилница булинг

   На 15.11.2019 во нашето училиште се одржа работилници на тема „Булинг“ а со наслов „Амбасадори за пријателство“. На работилницата учество земаа учениците од осмо и деветто одделение од училиштето

Литературно катче

Учениците од 9 одделение учествуваа во уредувањето на литературното катче во училишниот хол.

Посета на библиотеката Феткин

Учениците од 9 одд.под менторство на предметниот наставник Павлинка Костадинова го посетија саемот на книга во градската библиотека “Феткин”-Кавадарци.

Ѕиден весник

Учениците од 6 до 9 одделение заедно со предметниот наставник по англиски јазик изработија ѕиден весник

Соработка со волонтер од општинската организација на ЦК-Кавадарци

На ден 31.03.2016 година по предметот Граѓанско образование за наставната содржина ,,Хуманитарна акција, организацијата Црвен Крст и Лекари без граници” наставникот Ангел Атанасов им овозможи на учениците од IX одделение едно поинакво искуство. Беше реализиран час заедно со Џанан, волонтер во Општинската организација на Црвен Крст Кавадарци, која доаѓа од САД преку Мировниот Корпус. Учениците имаа можност да се стекнат со нови знаења за овие организации ширум светот и да научат за нивното функционирање.

Медиумите денес (Соработка со родител)

Денес во соработка со родителот Анче Глигорова, дипломиран професор по македонски јазик, беше реализиран час со учениците од VII-a и VII-б одделение. Содржината која се реализираше беше – Медиумите денес (значаен дел од секојдневието на младиот човек) а притоа опфаќајќи ги и видовите медиуми (печатени и електронски) како и разликите меѓу медиумите. Најголем акцент при обработка на содржината се стави на функциите на медиумите.

Училишен натпревар по македонски jазик

На ден 25.02.2016 година се одржа училишен натпревар по македонски јазик. На натпреварот учество зедоа учениците од IX одделение и тоа: од централното училиште под менторство на наставничката по македонски јазик Павлинка Костадинова и учениците од подрачното училиште во с.Возарци, под менторство на наставничката по македонски јазик Анче Глигорова.Според комисијата која ја сочинуваа наставничките по македонски јазик Зорица Атанасова и Ана Јосифова Спирова, најдобро постигнати резултати има ученичката Магдалена Орешкова со што и се овозможува учество на регионалниот натпревар. Честитки и многу успех на регионалниот натпревар!

Училиштен натпревар по географија

На 24.03.2015 година во просториите на нашето училиште се реализира училишниот натпревар по географија под менторство на наставникот по географија – Нада Митрева. Опфатени беа учениците од VIII и IX одделение. Прво место на натпреварот освои ученичката Весна Темкова која уште еднаш докажа дека со право го носи епитетот – ученик на генерацијата! И честитаме на Весна Темкова и и посакуваме многу успех на престојниот општински натревар!

Едукативно предавање од Always Училишната Програма

На ден 14.04.2015 година се спроведе едукативно предавање за личната хигиена и грижата за време на пубертетот од Always Училишната Програма за девојчињата од 6 одделение, одржано од страна на модераторот Весна Маркова. Програмата е иницирана и развиена од Procter&Gamble, одобрена од страна на МОН а целта на програмата е да ги информира девојчињата за физичките и емоционалните промени кои се случуваат во пубертетот и да ги едуцира за женската хигиена.

Велосипедска парада 2015 година

По повод Месецот на велосипедистите, нашето училиште зема учество на Велосипедската парада организирана од страна на Општинскиот сојуз на Училишен спорт чиј Претседател е наставникот по физичко и здравствено воспитание, а воедно и наш колега, г-дин Милан Колев.Тој заедно со колегата Кире Василев ги поздравија сите учесници од нашето училиште со најава за нови спортски активности.

Кажете ДА на другарството

На спортскиот турнир под мотото ,,кажете ДА на другарството,, во организација на Отсекот за превенција при СВР Велес и полициска станица Кавадарци, меѓу 9-те основни училишта од Кавадарци, Неготино и Росоман зедоа учество и учениците од нашето училиште кои го освоија III(третото )место. 
Штафетните игри на т.н.,,весел полигон,,на спортските терени на ООУ Тошо Велков Пепето придонесоа денешниот ден да биде празник на другарството и толеранцијата помеѓу учениците од овие училишта. Настанот е со подршка на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, а беше помогнат и од домаќинот – ООУ Тошо Велков Пепето и компанијата Кожувчанка од Кавадарци.

Македонија без отпад 2013

НА ДЕН 04.09.2013 Г. ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ СЕ ОДРЖАА АКТИВНОСТИ ПОВРЗАНИ СО ПРОЕКТОТ „МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2013 Г“ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА СО ПОДДРШКА НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. НАСТАВНИЧКАТА ПО БИОЛОГИЈА ЕЛЕОНОРА КОЦЕВА ОДРЖА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДОТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД 6 А И 6 Б. ПО ПОВОД АКЦИЈАТА БЕШЕ РАСПИШАН И НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА ПОЕЗИЈА НА ТЕМА „ОТПАД“ ПРВА НАГРАДА ДОБИ УЧЕНИЧКАТА АЛЕКСАНДРА СТЕФАНОВА ОД 6 А ОДД. ИСТО БЕШЕ ОРГАНИЗИРАНА И АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ОД ОТПАД СО УЧЕНИЦИТЕ ОД ЕКО-СЕКЦИЈАТА. СЕ ОРГАНИЗИРА И АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА СТАРА ХАРТИЈА .

Драмска секција

ДРАМСКАТА, ЛИТЕРАТУРНО-РЕЦИТАТОРСКАТА И НОВИНАРСКАТА СЕКЦИЈА СО СВОЈАТА АКТИВНА РАБОТА ЈА ПРОДОЛЖУВААТ ДОЛГОГОДИШНАТА ТРАДИЦИЈА, НАДОПОЛНУВАЈЌИ СЕ ЕДНА СО ДРУГА ВО СВОИте АКТИВНОСТИ. АКТИВНОСТИТЕ НА СПОМЕНАТИТЕ СЕКЦИИ СЕ НАСОЧЕНИ КОН ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СИТЕ ЗНАЧАЈНИ МАНИФЕСТАЦИИ ВО УЧИЛИШТЕТО ИЛИ ВО ПОШИРОКАТА СРЕДИНА. НИВНАТА РАБОТА Е НАСОЧЕНА КОН НЕГУВАЊЕТО НА НАШЕТО НАЦИОНАЛНО ЛИТЕРАТУРНО И КУЛТУРНО БОГАТСТВО, КОН РАЗВОЈОТ НА КРЕАТИВНОСТА, КОН РАЗВОЈ НА ТВОРЕЧКАТА АКТИВНОСТ. УЧЕНИЦИТЕ ОД ОВИЕ СЕКЦИИ СЕ НОСИТЕЛИ НА КУЛТУРНО-ЗАБАВНИОТ ЖИВОТ ВО УЧИЛИШТЕТО. ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО БЕШЕ ИЗВЕДЕНА ДРАМАТА „БЕГАЛКА“ОД В.ИЉОСКИ ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА, ПОД МЕНТОРСТВО НА НАСТАВНИКОТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗОРИЦА АТАНАСОВА.

Активности хор

ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ АКТИВНО РАБОТИ ХОРОТ ПОД ВОДСТВО НА НАСТАВНИКОТ ГОРАН КРСТЕВ. ХОРОТ ЗЕМА УЧЕСТВО НА ПОВЕЌЕ ПРИРЕДБИ И МАНИФЕСТАЦИИ.

Акција ,,Петарда – 10,, 

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОТСЕКОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ПРИ КАВАДАРЕЧКАТА ПОЛИЦИЈА РЕАЛИЗИРАНА БЕШЕ ПРЕВЕНТИВНА АКЦИЈА ПОД МОТОТО ,,ПЕТАРДА МИНУС 10,, НА КОЈА ЗЕДОА УЧЕСТВО ПРЕСТАВНИЦИ ОД СИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА, КОИ УПАТИЈА ПОРАКА ДО СВОИТЕ ВРСНИЦИ ШТО Е МОЖНО ПОМАЛКУ ДА УПОТРЕБУВААТ ПЕТАРДИ ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ. БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ УЧЕНИЦИ, НАСТАВНИЦИ, ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ И МЕДИУМИ.

ученици

број на паралелки

наставници

година на основање

Информации за контакт

Локација: ул: ,, Димката Ангелов Габерот“ бр. 3  Кавадарци

Телефон: 043 / 410 –958

Email: strasop@hotmail.com