Во рамки на општествено-хуманитарната работа, во соработка со Општина Кавадарци и ,,Нула отпад”, учениците од с. Возарци и с. Дреново имаа едукативна работилница за правилно рециклирање на батерии. 

Учениците имаа можност да проследат презентации во кои е објаснето зошто е важно фрлањето на батериите и електричните уреди на вистинското место, нивното селектирање и преработка.
На учениците им беа поделени мали канти за самостојно собирање на батерии, а исто така им се поделија и едукативни сликовници и тетратки.
Нашето училиште упатува голема благодарност кон Општина Кавадарци и кон ,,Нула отпад” за нивната несебичност и убава соработка.
Одговорен наставник: Бојана Костова


