ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ НА УЧЕНИЧКИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛИ
ООУ “Страшо Пинџур”Кавадарци објавува повик за избор на ученички правобранител и заменик ученички правобранител.
Ученикот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на пријавување за функцијата ученички правобранител и заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 7, 8 и 9 одделение.
НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.
Заинтересираните кандидати можат да поднесат пријава на два начина: електронски и во печатена форма. Електронската пријава која е достапна на веб страната на училиштето, пополнета треба да се достават до педагошко-психолошката служба. Пријави во печатена форма можат да се подигнат од педагошко – психолошката служба во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат и да ја достават пријавата до педагошко – психолошката служба.
Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.
Краен рок за поднесување на документите: 05.10.2026
Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години (доколку правобранителот е 9 одделение, неговиот мандат е една учебна година)