ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ НА УЧЕНИЧКИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛИ ООУ “Страшо Пинџур”Кавадарци објавува повик за избор на ученички правобранител и заменик ученички правобранител. Ученикот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО Право на пријавување за функцијата ученички правобранител и заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 7, 8 и 9 одделение. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо. Заинтересираните кандидати можат да поднесат пријава на два начина: електронски и во печатена форма. Електронската пријава која е достапна на веб страната на училиштето, пополнета треба да се достават до педагошко-психолошката служба. Пријави во печатена форма можат да се подигнат од педагошко – психолошката служба во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат и да ја достават пријавата до педагошко – психолошката служба. Мотивационо писмо се доставува во слободна форма. Краен рок за поднесување на документите: 24.09.2021 КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР Избор за ученички правобранител и негов заменик вршат учениците од 7, 8 и 9 одделение според следните критериуми: пол; возраст; основно познавање на детските права, мотивација за пријавувањето, комуникациски и организациски способности, етничка припадност, претходно искуство, односно вклученост во воннаставните активности. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на ученичкиот правобранител и неговите заменици: учество на воведна обука за улогата и обврските на ученичкиот правобранител, организирана од страна на педагошко – психолошката служба; промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани; прибирање на преставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права); редовна комуникација и координација со педагошко – психолошката служба Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години. Септември, 2021г.Кавадарци

pri-ava-za-uchenichki-pravobranitel.docx