Постигнати награди на училишни натпревари при ООУ “Страшо Пинџур” Кавадарци – Горди на вашите успеси!
Учениците на основното училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци повторно го покажаа својот талент и посветеност на бројни натпревари. Горди сме на нивните постигнувања и одлични резултати, кои го потврдуваат квалитетот на воспитно-образовниот процес во нашето училиште.
Во текот на учебната година, учениците учествуваа во различни натпревари, од математички, преку ликовни, до натпревари по македонски јазик, биологија, географија, природни науки спорт и други области. Благодарение на нивната посветеност и напорна работа, освоени се значајни награди и признанија кои ќе останат траен доказ за нивниот труд.
Ние, како училиште, сме горди на секој ученик кој учествувал и на секоја награда која ја освоија. Овие успеси се плод на тимската работа на учениците, наставниците и родителите, кои вложуваат максимален напор за нивниот напредок.
Честитки до сите наши победници и учесници! Продолжуваме да го негувааме духот на успехот и мотивацијата за постигнување нови височини!