Нема подобар начин да се запознаете со историјата на Тиквешкиот регион од посетата на Винскиот Музеј кој се наоѓа на една прекрасна локација, во градскиот парк во Кавадарци. Во Винскиот музеј е изложен богат музејски материјал од областа на етнологијата, историјата и археологијата во делот на винарството и лозарството кои се сведоштва на културниот развој на Тиквешкиот регион. Ние го чуваме заветот на нашите предци и правиме спој на минатото и иднината, руралното и урбаното за да украдеме мал дел од бесмртноста на виновата лоза која е преточена во полно шише вино,маџун, слатко од грозје кое ја буди страста за животот.Од таа причина денес нашите ученици од 9б одделение со својот наставник Фердинанд Чејков беа во посета на винскиот музеј.