На 26.10.2023 година, во нашето училиште како гости и наши соработници присуствуваа директорот со наставници и ученици од партнер училиштето „Наим Фрашери“ од с. Неготино, општина Врапчиште. Заедно, во насока на развивање на мултикултурно општество, реализиравме низа активности и креативни работилници, каде учениците сплотени заедно, можеа да ги прикажат свите вештини, но и да се запознаат, другаруваат и стекнат нови пријателства. Активностите кои се во насока на промоција на меѓуетничка интеграција во образованието обезбедуваат можности за непосредна интеракција на учениците со различен културен идентитет. Овој вид активности овозможуваат младите да учат едни за други и едни од други. Преку запознавањето со различностите учениците всушност се зближуваат, дејствуваат и живеат заедно. Сето ова резултира со унапредување на меѓусебните односи и развивање на соработка и заедништво.