Денес учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ беа во посета на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ по повод Отворениот ден за идните средношколци. 
Им благодариме на домаќините за топлото гостопримство, прекрасната организација и можноста нашите ученици одблиску да се запознаат со струките, кабинетите, активностите и можностите што ги нуди училиштето. Посетата помина во пријатна атмосфера, исполнета со позитивна енергија, дружење и нови искуства за идните средношколци. 











