Денес учениците од нашето училиште беа во посета на Собранието на Република Северна Македонија. Целта на одржување на оваа едукативна активност беше приближување на работата на Собранието на Република Северна Македонија и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост. Нашето училиште, го претставуваа и учениците од Ученичкиот парламент ,Ученичкиот првобранител Мелани Костадинова,заменик првобранител Теа Костадинова и претседателот на УП Јована Гркова.
Со цел успешно претставување на нашето училиште како и успешна реализација на работилницата учениците имаа подготвителен период во кој вредно се подготвуваа за поставување прашања до присутните пратеници, работеа на прибирање аргименти „за“ и „против“ .
Детскиот парламент како еднодневна едукативна работилница беше составена од четири делови:
Организирана обиколка на зградата на Собранието.
Предводени од официјален водич, учениците заедно со своите наставници имаа можност да ги посетат најрепрезентативните простории во зградата. Преку оваа едукативна обиколка учесниците се запознаа со историјата и архитектурата на парламентарната зграда и со организацијата и работата на законодавниот дом.
Средба со пратеници од Собранието на Република Северна Македонија
Средбата со пратеникот Зоран Јованчев кој во Собранието им овозможи на учениците да му поставуваат прашања и да разговараат за нивната работа и улога во демократскиот процес на Република Северна Македонија.
Ученичката Кристина Блажевскапостави прашање повзано со одговорноста на пратениците при донесувањето нов закон во името на граѓаните. Учениците активно учествуваа во сите сесии од работилницата, со својата комуникативност, креативност и способност да изнесуваат аргументи успешно го претставија нашето училиште.Покрај посетат на Собранието, учениците имаа прилика да го посетат и ,,Музејот на револуцијата борба,,