Во посета на општина Кавадарци беа учениците од 4 одделение при ООУ ,,Страшо Пинџур’’ Кавадарци, а повод беше дополнување на наставниот материјал за надлежности на Локалната самоуправа, Градоначалник и Совет на општина.
Учениците беа примени од страна на раководителот на сектор образование и спорт, беа запознати со надлежностите на градоначалникот и советот, и им беше одговорено на поставените прашања за дополнување на знаењата кои ги поседуваат.
Ви благодариме за посетата драги ученици и ве очекуваме повторно!