Доброволното противпожарно друштво Сашко Гешовски со испомош од пожарникари од ТППЕ Кавадарци извршија едукативни предавања на учениците. Учениците беа запознати со причини за настанување на пожар како и превентивни мерки за заштита од пожари, начин и употреба на п.п апарати и нивни технички карактеристики.


