Денес учениците од ООУ Страшо Пинџур од Кавадарци заедно со наставничката по македонски јазик Весна Крстева беа во посета на Библиотеката ,, Феткин “.Целта на посетата беше да се запознаат со убавиот пишан збор ,со фондот на книгите во библиотеката ,со љубовта кон книгата како најдобар другар и книтата како прозорец кон светот.Упатуваме благодарност до Директорката на Библиотеката и до вработените за убавиот прием и прекрасната презентација .