Доколку сакаме да живееме во современо општество, прилагодено за сите подеднакво, тогаш мораме и самите да вложиме во истото за да резултира со позитивна промена. Учениците од ПОУ,,Страшо Пинџур,,с.Возарци и ПОУ,,Страшо Пинџур,,с.Дреново под менторство на наставничката Верица Јованова,по предметот Иновации беа во посета на АД ЕСМ Подружница ХЕЦ- ТИКВЕШ с.Возарци. Способни и спремни да бидат носители на промени во општеството преку своите иновативни решенија за различни општествени проблеми и предизвици.Секој крие потенцијал за креативност и иновативност – неопходна е само мала доза храброст, љубопитност и силна желба. Секој може да влијае врз светот, дури и на најмал можен начин.