Доколку сакаме да живееме во современо општество, прилагодено за сите подеднакво, тогаш мораме и самите да вложиме во истото за да резултира со позитивна промена. Учениците од IX одделение од ПОУ,,Страшо Пинџур,,с.Возарци под менторство на наставничката Верица Јованова,по предметот Иновации беа во посета на АД ЕСМ Подружница ХЕЦ- ТИКВЕШ с.Возарци. Способни и спремни да бидат носители на промени во општеството преку своите иновативни решенија за различни општествени проблеми и предизвици. Секој крие потенцијал за креативност и иновативност – неопходна е само мала доза храброст, љубопитност и силна желба. Секој може да влијае врз светот, дури и на најмал можен начин.