Полуматуранти, Се ближи крајот на вашата школска приказна.Навистина чудно и необично и,секако не онака како што замислувавме-со убава и незаборавна полуматурска вечер,добра забава и безброј спомени.Но,тоа не е причина да ви се обратам – и како наставник и како директор -и да ве поздравам,да ви честитам и да ви се заблагодарам што ги поминавте овие девет години со нас и што бевте дел од нашето училиште и ни ги доверивте своите години на растење и созревање.Дојдовте како деца, а заминувате како млади луѓе подготвени за живот.Вие расневте,а ние ја имавме задачата да ви помогнеме да го изберите вистинскиот пат,но и привилегија да уживаме во вашата младост,искренист и убавина.Искрено се надеваме дека секогаш со задоволство ќе се сеќавате на деновите поминати во нашето училиште ,,Страшо Пинџур,,.Ви пожелуваме добро здравје,долг и среќен живот. Бидете добри и чесни луѓе,успешни ученици,добри и искрени пријатели…И не заборавајте дека во нашето училиште имате искрени пријатели кои ќе се радуваат на секој ваш успех-на личен и професионален план!