Вие родителите сте нашите партнери,заедно со вас секојдневно го подобруваме квалитетот на наставата,ја градиме меѓусебната доверба и создаваме вистински и здрави личности.
Во таа насока денеска се одржа конструктивен состанок на Наставнички совет и Ученички парламент на нашето училиште,на кој се разгледа успехот и постигањата на учениците за крајот на првото полугодие,како и надминување на предизвиците кои ги носи онлајн наставата во услови на Ковид 19.
Вашата помош и соработка за нас има исклучително значење.
🙏Драги наши наставници горда сум на секој еден од вас вработен во нашето основно училиште. За вашата пожртвуваност и несебична вложеност во овие специфични услови за одржување
на настава, ви оддавам големо признание.
👩‍🏫👨‍🏫Наставниците можат да го променат животот на учениците со правилна мешавина од креда и предизвици,но овојпат на поинаков начин.
📚Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност не само кон младата личност туку и кон оној на кој му се потребни знаења, вештини и мотивација. Ви благодарам од срце и ви ги честитам претстојните празници. Останете во добро здравје!