Почитувани родители, драги ученици, Први Септември секогаш ни беше ден кој ни означуваше почеток на новата учебна година и секако најрадосниот ден за најмладите ученици, првачињата, кои за првпат седнуваат во училишните клупи. За жал, оваа година поради новонастанатата состојба со светската пандемија предизвикана од Ковид 19 вирусот, наставната година ни започнува утре, на 1 Октомври 2020 година. И покрај тоа, ООУ „Страшо Пинџур“ успешно се прилагоди на сите новонастанати ситуации и со задоволство Ве известува дека училиштето доби одобрение за реализација на наставата на следниве начини: 1. Во централното училиште, наставата за учениците од 1-3 одделение ќе се одвива со физичко присуство и со можност за продолжен престој, додека за учениците од 4-9 одделение, наставата ќе се изведува од далечина, со користење на Националната платформа одобрена од Министерството за образование и наука; Наставата се изведува во две смени: 1 смена – учениците од 1-5 одделение, а 2 смена учениците од 6-9 одделение; 2. ПП с. Марена ќе ја реализира наставата со целосно физичко присуство за учениците од 1-5 одделение; 3. ПОУ с. Дреново ќе ја реализира наставата со целосно физичко присуство за учениците од 1- 9 одделение, во две смени; 4. ПОУ с. Возарци ќе реализира настава со физичко присуство за учениците од 1-5 одделение во прва смена, додека пак за учениците од 6-9 одделение, наставата ќе се реализира од далечина, со користење на платформата. Наставата се изведува по скратен редослед на ѕвонење на часовите, како и скратена програма, со почитување на донесените протоколи за работа на учлилиштето во време на вондредната ситуација во државата. Доаѓањето на учениците од прва смена започнува од 07:00 часот, а наставата започнува од 07:30 чсот, по строго утврден редослед за кој ќе бидете информирани од одделенските и класните раководители. Втора смена започнува од 11:30 часот, со следење на онлајн настава, со исклучок на ПОУ с. Дреново, каде учениците доаѓаат со физичко присуство, од 11:00 часот, по однапред утврден редослед.
Воедно, Ви го честитаме почетокот на новата учебна година на сите ученици, и топло добредојде на сите првачиња кои допрва ќе пливаат во водите на образованието. Директорката на училиштето, г-ѓа Илинка Бакева, заедно со вработените на сите ученици им посакува успешна учебна година, а на родителите им нудиме неизмерна поддршка и помош во справување со сите потешкотии и предизвици со кои ќе се соочуваме во текот на работењето во вакви услови.
На web- страната на училиштето како и на нашата facebook страна ќе ги имате сите потребни информации за успешно отпочнување на оваа учебна година