По повод големиот христијански празник Велигден директорката на училиштето Илинка Бакева упатува честитка до граѓаните.
Почитувани – Христијани,
Во пресрет на „Празникот над празниците“, каков што e Велигден, сакам од длабочината на моето срце да Ви посакам, радосната вест за Христовото Воскресение да ве затекне во добро здравје и убаво семејно расположение. Традицијата на славење на овој голем празник и сите негови белези, нека и годинава бидат во духот на подадената рака, разбирањето и љубовта меѓу луѓето.
Во домовите на сите нека завладеат слогата, хармонијата и сите семејни вредности, а деновите на празнување нека бидат исполнети со радост и среќа. Со вера, љубов и надеж во нашите срца и души, да бидеме подобри луѓе и да дадеме свој придонес за посреќни семејства и понапредна општина, во која секој ќе се чувствува задоволен, среќен и исполнет.
Нека Ви е честит и вековит Велигден.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!