На 05.03.2016 година(сабота) по повод патрониот празник на нашето училиште, се реализираа низа културни и спортски сктивности. Се положи свежо цвеќе на бистата на паднатиот херој, Страшо Пинџур, а потоа хорот ја интонираше химната на училиштето. За ученик на генерацијата е прогласена ученичката Магдалена Орешкова. Дипломи им беа поделени на првонаградените ученици од училишните натпревари како и на учениците кои освоија награда на конкурсот за ликовна и литературна творба(поезија) по повод патрониот празник и тоа:
МАТЕМАТИКА
Филип Попов – IV-а одделение
Давид Кујунџиќ– IV-а одделение
Гоше Алексов– IV-а одделение
Марија Велкова– IV-а одделение
Матеа Мукаетова– IV-а одделение
Ивана Кочова– V-а одделение
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – Магдалена Орешкова – IX одделение
ФИЗИКА – Марко Арангелов VIII-б одделение
По повод патрониот празник на училиштето, беше распишан конкурс во поезија и ликовна творба. Творбите беа разгледувани од училишна комисија а резултатите се следниве:
ПОЕЗИЈА
I НАГРАДА – Ивона Бошковска – VI-a одделение
II НАГРАДА – Јована Белевска – VII-a одделение
III НАГРАДА – Катерина Степанова– VI-a одделение
ЛИКОВНА ТВОРБА
I НАГРАДА – Данка Стојкова IV-а одделение и Милица Трајкова VI-б одделение
II НАГРАДА – Кирил Мукаетов II-a одделение и Душко Крстевски VII одделение ПОУ„Страшо Пинџур“ с.Возарци
III НАГРАДА – Драгана Степанова IV-а одделение и Магдалена Мајсторовска VIII одделение ПОУ„Страшо Пинџур“ с.Дреново
Честитки за сите наградени ученици!
Денес свечено беше отворен клуб на родители во училиштето како поддршка на родителите и зајакнување на нивното родителство, под мотото „Колку сме повеќе, можностите за подобро родителство ни се поголеми“.
Свеченоста подолжи со спортски активности – кошарка и фудбал. Кошаркарските екипи ги сочинуваа наставнички и мајки а фудбалските екипи – татковци и синови. Во кошарка подобри беа наставничките додека фудбалскиот натпревар заврши нерешено. На сите учесници во реализацијата на овој ден директорката Васка Јовановска им подели пофалници за учество а воедно и организираше коктел со цел продолжување на прославата.