ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци
Паралелки со посебни потребиЗа паралелките со посебни образовни потреби
Во составот на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Кавадарци,од 1975 година работат посебните паралелки во кои се реализира воспитно-образовниот процес на ученици со развојни проблеми и посебни образовни потреби. Во рамките на училиштето од учебната 2020/2021 година функционира и центарот за подршка за учениците со посебни образовни потреби кој соработува со сите останати основни училишта во регионот како и со посебното основно училиште со ресурсен центар Маца Ѓеорѓиева Овчарова од Велес.
Во моментот функционираат 5 паралелки во кои се опфатени ученици од прво до деветто одделение со лесна попреченост во интелектуалниот развој и со мултихендикеп. Во посебните паралелки работат 5 наставници дефектолози.
Нашето училиште е едно од ретките училишта во Републиката, во кое се реализира инклузија на ученици кои имаат потешкотии во учењето, a се во редовна настава. Еден од четирите дефектолози е вклучен во стручниот тим на училиштето и работи индивидуално со учениците во зависност од индивидуалните потреби. Корективната образовно-воспитна дејност се реализира по адаптирани наставни планови и програми.Основна цел на воспитно-образовниот процес е овие деца да совлаадат определен систем од знаења, умеења, навики, личностни квалитети, затоа што имаат право на тоа, како и правото да се социјализираат во општеството.
Покрај редовната настава со учениците се изведуваат слободни ученички активности: рецитаторска, музичка, драмска, ликовна, спортска секција.Традиционално се подготвуваат приредби по повод 3 ти декември- светскиот ден на хендикепираните,Нова година, Осми март и за крај на учебната година.Нашите ученици се скоро секогаш активни учесници и на спортските натпревари и турнири во организација на Специјална Олимпијада на Македонија и Републичките игри без граници на ниво на училиште и посебни паралелки кои се организираат за оваа категорија на деца и скоро секогаш забележуваат видни резултати.Доказ се медалите и трофеите за освоени први места во различни дисциплини. Посебните паралелки имаат соработка со невладини организации, локална самоуправа,јавни и приватни претпријатија,родители активисти.
По пат на спонзорства и донации секоја година се организираат екскурзии со учениците преку кои учениците учат и се запознаваат со убавините и знаменитостите на нашата држава.
Концепција за инклузивно образование
Упатство за начинот на соработка помеѓу основните училишта со ресурсен центар, центрите за поддршка на учењето и другите основни училишта
Водич за работа на училишниот инклузивен тим
Изработки
Фатени за раце го менуваме светот
Под мотото,,Фатени за раце го менуваме светот,, сакаме да покажеме дека заеднички можеме многу работи да направиме, па и еден ваков концерт, кој е плод на една многу успешна соработка.Во чест на таа соработка синоќа во Домот на културата,, Иван Мазов – Климе,, се одржа концерт на кој учествуваа директорката на училиштето Илинка Бакева заедно со учениците од ПОП при ООУ,, Страшо Пинџур,,Кавадарци, фолклорниот ансамбл,,Тиквеш,, и студиото за танц,, Старт,,.Задоволство беше да се види искрената детска насмевка, позитивната енергија и среќата на детските лица.
Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Учениците од ПОП при ООУ,, Страшо Пинџур,, Кавадарци во посета на градот Крушево го одбележаа меѓународниот ден на лица со попреченост.
2 Април – Меѓународен ден за поддршка на лицата со аутизам.
3 Декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби.
На ден 16.10.2019 година учениците од посебните паралелки беа вклучени во ликовна работилница во соработка со Музеј галерија Кавадарци
Учениците од посебната паралелка на ООУ ,,Страшо Пинџур,, заедно со нивните наставници и Музеј – галерија на град Кавадарци реализираа едукативен проект. Проектот се состоеше од посета на “Паркот на револуцијата“ во Кавадарци каде учениците се запознаа со историјата на Кавадарци и борците кои се бореле за слободата на нашата земја. Проектот е реализиран од кустос историчар Марија Михова и кустос историчар Натка Китева.
Учениците од посебните паралелки, го посетија градоначалникот на Општина Кавадарци и му изразија голема блаодарност за подршка за учество на спортски натпревари ,, Кежо 2019,, Штип на кои што освоија две први и две трети места:
I место – пинг понг машки
I место – полигон машки
III место – пикадо женски
III место – полигон женски
Во учебната 2015/2016 година се одржаа различни активности од нашите најмили ученици од посебната паралелка при ООУ,,Страшо Пинџур,, Кавадарци
Во рамките на Проектот за социјализација на лица со посебни потреби под покровителство на Црвен Крст Кавадарци и Комерцијална банка реализирана е еднодневна екскурзија во Струмица.Меѓу останатите активности организиравме и посета на посебното училиште во Ново село.
По повод Роденденската забава на Филип децата од посебната паралелка при ООУ.. Страшо Пинџур,,-Кавадарци организираа прослава и мала забава на која сите се забавуваа, смееа и веселеа
3 ти Декември одбележан и со свечен ручек и оваа година како неколкуте наназад под покровителство на Црвен крст Кавадарци и Комерцијална банка. Голема благодарност до нив.
На 02.12.2015 г. по повод 3 ти декември-Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, како и 40 години од постоењето на посебните паралелки при ООУ,,Страшо Пинџур,, Кавадарци, се одржа хуманитарен концерт по повод собирање средства за доопремување на сензорната соба во училиштето. На нашата покана се одзваа сите музичари од градот до кој упатуваме голема благодарност. Благодарност и до сите оние кои ни се приклучија заедно да го одбележиме овој ден.
Благодарение на Господинот Пене од Росоман, организирана беше еднодневна екскурзија со учениците во зоолошката градина во Скопје со заеднички ручек. Голема благодарност за повторно направениот хуман гест на нашиот драг пријател.
На 08.06.2015 г. Oрганизирана беше екскурзија во Дојран како дел од проектот на Комерцијална банка и Црвен крст.
На ден 11.05.2015 година на турнирот за ученици со посебни потреби ,,Кежо 2015″ одржан во Штип, нашите ученици освоија II место во кошарка (машки). Честитки !
ПОП ПРИ УЧИЛИШТЕТО СТРАШО ПИНЏУР И ОВАА ГОДИНА ЗЕДЕ УЧЕСТВО НА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ХЕПЕНИНГ КОЈ СЕ ОДРЖА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД СО СВОИ ИЗРАБОТКИ КОИ БЕА ОД ПРОДАЖЕН КАРАКТЕР.
ЦЕЛА НЕДЕЛА ДОАЃАА УМЕТНИЦИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ НА КАВАДАРЦИ И РАБОТЕА ЗАЕДНО СО УЧЕНИЦИТЕ ПРИ ШТО ИЗРАБОТИЈА ПРЕКРАСНИ УМЕТНИЧКИ ДЕЛА И СКУЛПТУРИ.
ИЗРАБОТКА НА ПРВО-АПРИЛСКИ МАСКИ СО ОБЕЗБЕДЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ПРОЕКТ СО ЦРВЕН КРСТ И КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА…
ПО ПОВОД 3-ТИ ДЕКЕМВРИ, ДЕНОТ НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБА, ВО ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“ ВО ПАРАЛЕЛКИТЕ СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ БЕА ДОДЕЛЕНИ СКРОМНИ ПОДАРОЦИ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ.
ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК ОБЕЗБЕДЕН Е ПО ЕДЕН ЦРЕП И ЦВЕТ КОИ САМИ ЌЕ И ГИ НОСАТ НА МАМА ПО ПОВОД 8-МИ МАРТ…
Приредба со децата со посебни потреби
Во организација на М-р Горица Пеливанова и посебните паралелки беше организирана приредба на која учество зедоа децата со посебни потреби, а во холот на киното е одржана продажба од изработки украси и храна од кои е собрано пари за децата со посебни потреби.
Децата зедоа учество со свои точки
Шопен беше посветен на сите добри луѓе во светот од ученикот Тодор Спанџов (ученик од 7 одд), кој по повод 200 години од раѓањето на Шопен зеде на 12.11.2010 свиреше во организација на полска амбасада во Даут Пашин – Амам
ученици
број на паралелки
наставници
година на основање
Информации за контакт
Локација: ул: ,, Димката Ангелов Габерот“ бр. 3 Кавадарци
Телефон: 043 / 410 –958